Детскиот хор „Ѕвончиња“ под уметничко раководство на проф.Марина Коруновска од Битола, информира дека годишниот традиционален концерт насловен како „Пееме до ѕвездите“ и годинава ќе ја продолжи традицијата по повод раѓањето на нашата најголема музича икона, Тоше Проески.
Годинава, на овој концерт кој е од хуманитарен карактер, средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за донирање на инструмент во Државното музичкото училиште во Битола во кое се школуваше и Тоше.
Концертот, веќе традиционално, се одржува во големата сала на Центарот за култура во Битола, кој е домаќин на битолските ѕвончиња. Годинава, во терминот превиден за концертот, (25-ти јануари, роденденот на нашиот Тоше), се одвива реконструкција на големата сала. Поради долгогодишните одлични односи со нашиот партнер, Центарот за култура, кој е и наш домаќин, концертот ќе биде одржан со задоцнување, по завршувањето на реновирањето на салата, што според организаторот, е предвидено за крајот на месец февруари.