“Лавиринт – невозможно бегство” е приказна за група на млади луѓе кои се обидуваат да побегнат од Ледината опколена со џиновски Лавиринт преполн со тајни, и истиот премиерно ќе биде прикажан од денеска (18 септември) во кината ширум земјава.
Филмот за постапокалиптичниот свет снимен е по светскиот бестселер на писателот Џејмс Дашнер кој е и сценарист на филмот! Приказната е сместена во мрачна, постапокалиптична иднина. Младиот јунак, Томас (Dilan O’Brajan), изненадувачки ќе се најде во непознато опкружување, во група на млади луѓе, без сеќавање на неговиот живот кој му претходел. Набрзо ќе сфати дека сите се наоѓаат во голем Лавиринт, и ќе им се придружи на организираната група “Тркачи” чија цел е да го пронајдат излезот од Лавиринтот и на страшниот живот на кој ги присилиле.
Набргу по доаѓањето на Томас, меѓу заробените се појавува уште еден нов член – Тереса (Kaja Skodelario). Првата девојка во Ледината предизвикува конфузија и сите се прашуваат што е следно, зашто таа донела неверојатна порака “Повеќе ништо нема да биде исто”. Главните улоги во оваа авантура на режисерот Вес Бол ги толкуваат Dilan o’Brajan, Kaja Skodelario I Tomas Brodi-Sangster.
Филмот е базиран на романот “Лавиринт – невозможно бегство” на писателот Џејмс Дашнер.