Тенденции во издаваштвото на детски книги за 2013 година

Редакторите на Scholastic, која е една од водечките издавачки куќи во областа на детската литература, подготвија своја прогноза за тенденциите на детското издаваштво во 2013 година, истражува cOoLTuRa.mk.

– Тенденциите во детското издаваштво се водени од една единствена читателска група-децата. Затоа сите од Scholastic, ги следат трендовите за да можат да препознаат иден хит-книга кој децата ќе ја читаат и бараат се повеќе и повеќе, ќе разговараат за неа, ќе ја споделуваат и препорачуваат на своите другарчиња – објаснува директорот на литературниот клуб во компанијата Дејвид Алендер.

Презентирани непосредно пред почетокот на 2013-та година,ова се само неколку од клучните тенденции во детската литература, додека целосната прогноза може да ја слушнете на јутјуб каналот на Scholastic, презентирана од самиот директор Дејвид Алендер :

Тормозењето е основна тема во детските книги во престојната 2013
Речиси секое дете се судрило со агресија во одреден дел од животот, и е нормално детските автори да го користат овој факт како важен аспект од секојдневието на децата.Соодветно на тоа да го претворат во приказна или расказ, кои ќе им помогнат да го намалат стравот или болката од преживеаното.

2013 ќе биде среќна бројка за фановите на научната фантастика
Се очекува да се појават наслови кои ќе не вратат кон старата добра,наречете ја дури класична научна фантастика.

Војната
Во САД ќе продолжи одбележувањето на 150 годишнината од Граѓанската војна, така да воената тематика ќе биде застапена во книгите за деца.

Време на силните девојки
Катнис Евердиин од “Игрите на гладот“ постави почеток на еден моќен женски лик.Во 2013 читателите ќе можат да очекуваат уште силни женски ликови во книгите за деца и млади, со силен карактер и желба да се премине секоја пречка-кои пак се добри вредности, за секоја девојка.

Фокус врз разновидноста
Децата сакаат да се видат себе си во книгите, затоа авторите и издавачите ќе направат се за во книгите децата да ја преопознаат својата индивидуалност. Оваа година малите читатели од цел свет, ќе можат да научат многу повеќе за своите народи, за различните култури и за себе си- во книги кои посветуваат теми на културната разноликост.

Од луди фантастики до реалистични еко-трилери, добрите стари авантури на откриено никогаш нема да бидат демоде. Оваа година, не очекуваат многу наслови фокусирани на се поактуелната тема за екологијата и животната средина. Особено за налутената мајка Природа и последиците од нејзиниот гнев.

Автор: Лазар Ѓорѓиевски

You May Also Like