Со претставата „Опасни врски“ од Шодерло Де Лакло и Кристофер Хемптон, НУ Народен театар Битола ќе гостува воЦрна Гора. Претставата што ја режираше Дејан Пројковски , а премиерата и беше во декември 2010 година, ќе биде изведена во два театари во Црна Гора.
На 09 април на сцената на Краљевското позориште – Зетски дом во Цетиње и на 10 април во Театарот во Котор. Минатата година на Деновите на македонската култура во Санкт Петербург во Русија , битолскиот театар гостуваше токму со оваа претстава.
Сценографијата е на Владо Ѓоревски, костимографијата на Благој Мицевски, додека за музиката се погрижи Горан Трајковски. Кореографијата е на Јагода Димовска, а за преводот се погрижи Дарко Ацковски.
Улогите се на :
Соња Михајлова – Маркиза Де Метреј
Елена Моше – Госпоѓа Де Воланж
Викторија Степановска – Сесил Воланж
Петар Горко – Виконт Де Валмонт
Јулијана Стефановска – Госпоѓа Де Размонд
Габриела Петрушевска – Госпоѓа Де Турвел
Соња Ошавкова – Емили
Никола Пројчевски – Витез Жеркор Дансени