Пред десетина дена предниот дел од Зоолошката градина, до новоизградениот паркинг доби нова ограда. Поставени се банери со слики од животни, претставени по континенти, на три метарски челични профили кои ги изработи и постави ЈП „Улици и патишта“, додека банерите ги обезбеди Град Скопје. Зоо Скопје продолжува да го подобрува својот изглед, содржини и успех во работењето на задоволство на бројните посетители.