Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски утре (среда, 20.3.2013 година) во 10:00 часот кај Саат кулата во Битола ќе дадат изјави за медиумите по повод промоцијата на проектот за изградба на нов храм на заштитникот на градот, Свети Нектариј Битолски.
Канческа-Милевска и Талевски во 10:30 часот ќе ја посетат и локацијата на поранешното кино Браќа Манаки, каде ќе дадат изјави за медиумите по повод реализацијата на проектот за реконструкција на ова кино.