Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар на МКЦ

Tрадиционалниот годишен концерт на Мандолинскиот оркестар на МКЦ ќе се одржи нa 26 февруари (среда), во 20:00 часот, на сцената на кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Влезот е слободен …

MKC mandolinski

Во секторот за музичка програма на Младинскиот културен центар, значајно место зазема работата на Мандолинскиот оркестар. Формиран е 1981 година во некогашниот Дом на млади “25 Мај”. Иако аматерски по својот состав, со членови вљубеници во музиката, ученици од основните и средните училишта и студенти од разни факултети,… овој ансамбл, повеќе од три децении успешно ги надминува границите на музичкиот аматеризам. Мандолинскиот оркестар во својата програма вклучува дела од сите правци и музички епохи од областа на класиката., обработки , стилизации и творби од народното творештво на Македонија, како и најсовремени теми кои се музички тренд на младите.

Пленува со изведба на дела од Моцарт, Вивалди, Бах, Верди, Росини, Корели, Хачатурјан, Штраус, Албињони, Глуг, Бритн, Дворжак, Шуберт, Мусоргски, Јомели, Елгар, Григ, Перголези, како и композиции на домашни автори, како Тошевски, Шуплевски, Бранџолица, Цанев, Стојков, Трајковски…

На концертот ќе биде изведена следната програма:

1. ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ „БАРКАРОЛА“-од италијанско Капричо
2. КАРЛ МАРИЈА ВЕБЕР „ВЕНЕЦИЈАНСКИ КАРНЕВАЛ“
3. БЕРТ КАЕМПФЕРТ
4. ГЕОРГ ФРИДРИХ ХЕНДЛ
5. Е ДИ КАПУА „О,СОЛЕ МИО“
6.  МАРИН ГОЛЕМИНОВ „ТАНЦ“
7. ЈОХАН СЕБАСТИЈАН БАХ „SUITA АИР“-бр.3
8. АНТОНИН ДВОРЖАК “ХУМОРЕСКА”
9. МАЈКЛ КЛЕОФАС ОГИНСКИ „ПОЛОНЕЗА“
10. ЏУЗЕПЕ ГИОРДАНИ „КАРО МИО БЕН“ – за соло глас и оркестар солист,тенор – Јане Дунимаглоски
11. ФРЕДЕРИК ШОПЕН „НОКТУРНО“ оц Ц-мол за пијано и оркестар аранжман – Ванчо Јовчев
12. ЕДВАРД ЕЛГАР „СЕРЕНАДА“во Е-мол оп.20
13. ДРАГАН ШУПЛЕВСКИ „САНОЌ МИ БИЛБИЛ ПРОПЕА“ – народна
14. ЏОН ВИЛИЈАМС „ШИНДЛЕРОВА ЛИСТА“ – за соло мандолина и оркестар,солист Јане Дунимаглоски “СТРАНЕЦ ВО НОЌТА“ “САРАБАНДА И ВАРИЈАЦИИ” солист – Андреј Наунов аранжман:Борјан Цанев адаптација: Ванчо Јовчев
15. КИРИЛ ТРАЈКОВСКИ „ПОД ИСТОЧНО НЕБО“ солисти: Јане Дунимаглоски – тенор Андреј Наунов – пијано Јане Дунимагловски – мандолина Диригент: Ванчо Јовчев

You May Also Like