Првото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир-фестивал“ ќе се одржи во јули во рамките на битолското културно лето „Битфест“.
Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Ромео и Јулија“, заеднички проект на НУ Народен театар-Битола, театарот „Вера Kомисаржевскаја“ од Русија, Македонската опера и балет и фестивалот Охридско лето.
Националната установа Народен театар – Битола ги почна подготовките за првото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир-фестивал“, кој се очекува да прерасне во традиционален.
Основниот мотив за организирање на овој фестивал е престојот на Битолскиот театар во „Глоб“ во Лондон. „Битола Шекспир-фестивал“ ќе овозможи присуство на домашна, но и на публика од регионот.