Библиотеките во денешно време, се сeуште многу корисни. Тие се №1, кога станува збор за набавка на книги за деца, според анализа на Bowker Market Research, презентирана за време на конференција на Publishers Launch со тема „Издавањето за деца веќе е електронско“ во Њуjорк овие денови.
Во исто време пак, библиотеките повеќе не се места каде децата откриваат нови, интересни наслови. Најчесто препораките доаѓаат од семејството или пријателите, следува интернетот… и дури на трето место се библиотеките.
Четвртото издание на Bowker „Корисиници на детски книги во дигиталната ера“ е базирано на анкета од интернет, направена од есента 2012 меѓу 3000 родители на деца во три возрасни групи (од 0-6 години, од 7-13 и од 14-18 години). И додека повеќе од 40% од анкетираните родители тврдат дека читаат е-книги, околу 2/3 од нив, велат дека нивните деца сакаат да читаат книги во хартиени изданија.
Погледнете и сами, дел од презентацијата изнесена на конференцијата…
Л.Ѓ.