Пред неколку дена во употреба се пушти новиот турбо кружен тек на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Веднаш се забележа дека голем број од возачите во градот тешко се снаоѓаат со овој новитет на нашите сообраќајници.
За таа цел, Град Скопје изработи видео кое објаснува како функционира истиот. Се надеваме дека ќе ви биде од корист и ќе придонесе да се користи истиот беспрекорно.