Денеска (четврток, 30 мај) на Економскиот факултет при УКИМ започна 9-та Меѓународна конференција на Асоцијацијата на универзитети на Југоисточна Европа (АСЕКУ) на тема: „Системската економска криза: Tековни прашања и перспектива“.
На конференцијата која ќе трае и утре, во работните сесии со свои трудови ќе се претстават околу 50 истакнати професори од реномирани универзитети од Австрија, Албанија, Бугарија, Грција, Полска, Романија, Србија, Турција, Украина, Холандија, Хрватска, Црна Гора и Македонија.
Асоцијацијата на универзитети на Југоисточна Европа (АСЕКУ) е меѓународна асоцијација во која членуваат 48 истакнати универзитети од Југоисточна Европа и од црноморскиот слив, со седиште во Солун, Грција.Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е членка на АСЕКУ од ноември 1996 година, поточно од самото формирање на Асоцијацијата.