„Bon Vivant“ вечер, по трет пат во Битола

Lions клубот Кабадаја од Битола во рамките на своите годишни активности, на 15 февруари , по трет пат ја организира хуманитарната Bon Vivant – вечер на вино, љубов и пријателство.

Во вечерта присутните ќе уживаат во дегустација на Македонски сорти од Винаријата Попова Кула, единствена винарија во Македонија и во светот која произведува вино од уникатни Македонски сорти, во богатите вкусови на менито приготвено со кулинарска фантазија на Ресторан Шумски Фенери, исполнето со традиционалните производи на Млекара Идеал Шипка од Битола.  Расположението дополнително ќе го збогатат Групата Боеми и актерот и голем хуманист Петар Горко.

Нашата порака за оваа вечер, која има благородна цел,  е да се сака, почитува, негува и афирмира Македонската култура.

Лајонс Клубот Кабадаја од своето формирање во 2009 година организира хуманитарни акции, спроведува донаторски активности, и постојано се бори за подобрување на условите на децата со посебни потреби од нашиот град и се залага за нивна интеграција во општеството. Собраните средства од оваа хуманитарна вечер се наменети за Дневниот Центар за лица со ментална и телесна попреченост  при ЈУМЦентар за Социјални Работи  Битола.

You May Also Like