Бетовенова вечер со „чудото од дете“ Александра Гическа

Концертот ќе се одржи вечер (петок 19 април) од 19:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Талентираната пијанистка ќе изведе три сонати за пијано од Лудвиг Ван Бетовен –  соната опус 14, опус 49 и соната опус 13.


Александра Гическа се вбројува помеѓу најмладите и најнадежни пијанистки во Македонија. Иако има само 11 години активно настапува и концертира како солист на музичките сцени. Музичката критика ја оценува како ,,чудо од дете,,.

Прв пат со пијаното како инструмент се запознава на осумгодишна возраст во ОМУ ,,Ордан Михајлоски – Оцка”. Ученик е на професорите Мелани и Филип Пеоски. Благодарение на музикалноста и трудољубивоста Гическа забрзано напредува изучувајќи го пијаното.
Досега, освен во Приле,  учествувала на културни настани и во Скопје, Охрид, Штип, Гевгелија, Софија, Белград, Врање…
На осум години освојува прва награда на државниот натпревар во Скопје, а на девет го одржува својот прв самостоен рецитал. На 10 години настапува со Моцартовиот концерт во ц-молл  на Прилепско културно лето. Победник е на повеќе натпревари во Македонија и странство, освојувајќи први и специјални награди

You May Also Like