Познатиот македонски поет Михаил Ренџов во поетската едиција на скопски Макавеј ја објави новата поетска книга „Издишки“.
Во препораката кон новата поетска книга на Ренџов, поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски истакнува:
„Поетот Михаил Ренџов е веќе меѓу иконите на македонската современа поезија. Нежниот и емотивен лиричар со новата книга со наслов „Издишки“ јасно напомнува дека се посветува на нова тема која го потенцира и го става во поетска разработка залезот на човековиот живот.“
Ренџов е автор на дваесетина поетски книги, неколку книги раскази, носител е на врвни македонски и меѓународни поетски награди, негови книги се преведувани на десетина светски јазици.