Министерството за култура ја доби 9-то ноемвриската награда на градот Велес

Министерството за култура – добитник на наградата 9-ти Ноември, највисокото признание на општината Велес за афирмација и популаризација на градот …

70 godini osloboduvanje veles 1По повод одбележувањето на 9-ти Ноември, Денот на општина Велес, како и 70 годишнината од неговото ослободување, денеска во салата „Бели мугри“ се одржа свечена седница на која беа врачени традиционалните Ноемвриски награди и признанија.

На седницата на која пред присутните се обратија градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот на општина Велес Александар Колев, на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и заменик министерот Драган Недељковиќ им беше врачено највисокото признание на општината Велес за културно воздигнување и изградба на новата театарска зграда.

70 godini osloboduvanje veles 2

Според министерката за култура наградата претставува големо признание за заложбите што Министерството за култура ги реализираше во изминатиот период за збогатување на културната понуда на градот Велес и за негувањето на неговите културно-историски знаменитости.

„Министерството за култура како и досега така и во иднина ќе продолжи со посветениот однос и поддршка на проектите кои се во функција на унапредување на културното живеење во Велес. Ќе продолжиме со поддршката на интернационалните манифестации кои ги негуваат вистинските вредности во овој град, со поддршката на сите проекти кои се во функцијата на промоција и афирмација на нашето богато творештво и непроценливо културно наследство“, изјави министерката Канческа-Милевска.

Добитници на 9-то ноемвриската награда за животно дело „Гемиџии“ се неропсихијатарот Јордан Јовев и актерот и актуелен директор на велешкиот театар Јордан Витанов. Ансамблот „Керамичар“ за промоција на градот преку настапите на многубројните концерти е награден со плакета, фирмата „Хемомак пестициди“ и локалната библиотека „Гоце Делчев“ добија благодарници, а пофалници им се доделени и на музичарот Петре Штерјов и истражувачот, хроничар и сликар Љупчо Данов. За најстудент годинава е прогласен Кирил Дончов од Филозофскиот факултет група Историја на уметноста.

You May Also Like