Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје ја организира мајската едукативна работилница „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“.
Досега работилниците ги посетија над 1000 бремени жени и нивни партнери. Бидете и Вие, заедно со Вашиот партнер, дел од овој значаен проект, дознајте многу значајни информации за Вас и Вашето бебе.
Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејство. Бремените жени и партнерите треба да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето (медицински, психо-физички, емоционални) и како да се заштитат себе си и своето бебе. Младите луѓе, пак треба да ги знаат основните информации за бременоста, со цел да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.
Работилницата ќе се одржи во центарот на Скопје, во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во среда, 28.05.2014 год. со почеток од 18 часот.
Сите заинтересирани може да го најават своето учество на bremenost.lulka@gmail.com или на телефонскиот број 078/377 – 792.