На фестивалот „Здраво млади 2014“ кој ќе се одржи на 23 мај, доаѓаат и двајца познати виџеи: Од Ротердам, Холандија доаѓа Александра Хуертa – ALERTA, а од Турција VJ Vidbeat – Темел Хусеин.
Курухоландско/чилеанска виџеј артистка Александра Хуертa, позната и под името ALERTA. Нејзината уметност ја изразува преку формите на Геометрискиот фолклор.
Симболите и фолклорните експресии од домородните култури се главниот извор на инспирација на оваа супер талентирана визуелна артистка, од каде таа гради свој универзум на геометриски и симетрични фигури. Нејзините визуелни композиции се меѓу другото и своевидна реинтерпретација на кич неонските бои и графики од 80тите кога таа растела.
Стилот наречен “Геометриски фолклор”, Александра Хуерта го отсликува во нејзиниот графички дизајн, анимации и виџеј мискови во живо под прекарот VJ Alerta. Александра исто така има и колекција на рачно изработени продукти, каде можат да се најдат постери, разгледници, еко торби, накит и перници.
VJ Vidbeat е Темел Хусеин Куру од Зонгулдак, Турција. Веќе познат на публиката од минатата година кога магично направи да се придвижи фасадата на МКЦ. Темел и Александра ќе се погрижат за визуелното патување на фестивалот, ваше е да одлетате – велат од Здраво Млади.