„Точка, запирка“ нова книга од Христо Петрески

Во рамките на едицијата „Синтези“, издавачката куќа „Дијалог“ деновиве објави нова стихозбирка од Христо Петрески под наслов „Точка, запирка“.

hristo_petreski

Книгата содржи 100 песни во кои предмет на авторовото внимание е урбаната атмосфера и психологијата на човекот во лавиринтите на градот, но и самата поезија како поле за истражување на планот на јазикот, структурата и композицијата.

Во препораката од критичарот Веле Смилевски, меѓу другото, се вели: „Оваа книга ја означува зрелата творечка фаза на поетот Христо Петрески, нудејќи високо култивирани и естетски облагородени поетски доживувања и медитации. За овој автор со посебен темперамент, загледан длабоко во светот во себе, песната е шепот на големите вистини за духовните релации на постоењето.“

Христо Петрески во изминатите триесетина години на мапата на македонската поезија одбележа свој, специфичен и препознатлив пат. За бројните поетски и прозни дела добитник е на повеќе од 20 високи книжевни награди што се доделуваат во земјата и во светот.

You May Also Like