Вчера вечер (27 септември 2014 година, сабота) министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, го посетија фестивалот на виното “Виноскоп 2014”, каде на присутните им делеа бесплатни ваучери за користење на такси превоз.
Целта на оваа активност е посетителите на фестивалот на виното “Виноскоп 2014”, кои конзумираат алкохол, да се охрабрат да не ги користат своите автомобили за превоз, туку да го користат градскиот јавен транспорт,да одат пеш или да го користат такси превозот во Скопје. Оваа акција е дел од активностите во рамките на кампањата за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот” и истата се реализира во соработка со поголем број на такси компании и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.