Ансамблот „Танец“ вечерва ќе настапи пред стружани

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечерва ќе одржи концерт насловен „Душата на Македонија“ во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ …

tanec-logo

Освен во Струга, овој реномиран професионален фолклорен состав, по повод 65-годишнината од постоењето годинава ќе одржи над 25 концерти во Македонија. На 5.јули ќе настапи во рамките на „Скопското лето“, а според најавите, ќе се претстави и на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

„Танец“ е основан во 1949 година и со своето долгогодишно постоење е симбол на македонската култура и уметност. Ансамблот досега има одржано над 3.500 концерти, се претставувал на фестивали, како и на други културни манифестации во земјава и надвор од неа.

You May Also Like