Краткиот филм „Шумарот“ добитник на наградата АМАНДА

Краткиот филм „Шумарот“ во продукција на ВЕДА Филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер,  е добитник на АМАНДА наградата за најдобар краток филм на норвешкиот интернационален филмски фестивал во Хогесунд. Ова е премиерно прикажување на филмот кое резултираше со успех и прва награда.

„Шумарот“ е 25 минутна семејна драма во која акцентот е ставен на односот помеѓу синот и таткото.  Улогите во филмот ги толкуваат 11 годишниот Бесим Муртезани и 6 годишниот Алтин Аџани.

Норвешкиот интернационален филмски фестивал е најголемиот филмски фестивал во Норвешка кој се одржува од 17 до 23 август и чија главна програма е посветена на филмовите наменети за кино прикажување.

„Шумарот“ е поддржан од страна на Филмскиот Фонд на Македонија, Норвешката филмска школа од Лилехамер, Норвешката амбасада во Скопје и општината Лилехамер и истиот е категоризиран како норвешки и македонски филм.

You May Also Like