Францускиот институт одбележа 40 години постоење

Во пригодна атмосфера и во присуство на многу пријатели, соработници и гости, Францускиот институт во Скопје синоќа прослави 40 години плодна и успешна креативна соработка помеѓу Македонија и Франција.

Francuski Institut Skopje

„Вечерва ни претставува особена чест да го одбележиме нашето 40 годишно континуирано присуство во Македонија и да ја прославиме плодната културна размена и добрите односи кои ги негуваме со вас. Досега имаме остварено бројни парнерства, проекти, фестивали и активности сакајќи што повеќе да ја доближиме француската култура и општеството на овие простори. Се надеваме дека успеавме во тоа и дека и во иднина ќе продолжиме да го надоградуваме пријателството и партнерството преку размена на културните практики на двете земји“, изјави г-дин Жан-Ив Лавоар, Директор на Францускиот инстутут во Скопје.

 

Zhan-Iv Lavoar, Direktor na Francuski instittu

Францускиот институт во Скопје е еден од важните актери на македонската културна сцена. Преку филмовите, музиката, театарот, книжевните средби, дебати и бројни други активности нивното делување има за цел да го претстави и доближи современото француско творештво на овие простори и да црпи повратна инспирација од нашата култура.

Доказ за успешната сорабтока со Македонија се бројните активности и настани кои многу брзо се најдоа на мапата на најважните културни случувања кај нас.

Во чест на 40 години постоење на оваа институтција, Универзитетот за аудиуовизуелни уметности ЕСРА во Скопје, изработи специјален видео-клип.

Lorans Oer, Ambasador na Francija

You May Also Like