Едицијата „Театарот во Македонија“ од Ристо Стефановски на Бит фест

Денеска (среда, 9 јули) во 12:00 часот во малата сала на центарот за култура во Битола ќе биде промовирана едицијата „Театарот во Македонија“.

risto_stefanovski_bit_fest

„Ристо Стефановски, најактивниот и животворен театралог, продолжува со „полна пареа“, страсно, со целосна креативна предаденост и посветеност, да ја пишува единствената и најобемната театарска хроника нарекувајќи ја едноставно „Театарот во Македонија“. Сега ни нуди нов том. Нова обемна книга. Таа е дел од големиот театарски летопис. Во неа доѓаат оние години и оние театарски настани што ги одбележуваат македонските театарски годините од 1976 до 1980 година. Зошто велам дека оваа книга, овој најнов том, е само дел од летописот? Така го велам оти целиот проект, целата серија книги и томови е така замислена. Како река, како хроника, како летопис и колку го бележи, го осмислува и му дава нов живот на минатото, толку мемориски ја збогатува сегашноста и ја предизвикува и ја обврзува иднината“ – вели во рецензијата Петре Бакевски.

You May Also Like