Започна овогодинешниот триесет и шестиот по ред Млад Отворен Театар (МОТ) , со претставата “Звукот на коските што се кршат ” во изведба на назависниот театар Theatra .
Вечерва на штиците на единствениот независен театар Theatra беше одиграна нивната втора претстава “Звукот на коските што се кражшат” , во режија на Билјана Радиноска, а продукција Марија Зафирова, а по текст на Сузан Лебо.
Главните улоги ги имаат Еликија и Џозеф , две деца кои се наоѓаат во болница за деца во централна Африка, нараторот е една од тамошните сестри која го пронашла дневникот ( една стара тенка тетратка) на Еликија. Таа тетратка тежи повеќе од колку што можете да замислите, тешките маки на едно 15 годишно девојче, кое е принудено да живее живот на бунтовник, убиец, уште од своја десет годишна возраст. Двата света , едниот на доброто, другиот на злото, на едно место претсваени преку овие две деца.
Еликија ја игра Наташа Петровиќ, Џозеф е актерот Бојан Кирковски, а медицинската сестра е Стефанија Зисовска. За костимографијата се погрижи Ивана Кнез, музиката е дело на Оливер Јосифовски и Вера Милошевска од Љубојна, додека за преводот од оригиналниот текст се заслужни Горјан Милошевски и Марија Зафирова.
По Мизантроп , Theatra и овојпат приредија оригиналност во организацијата , на влезот на секој од посетителите им врзуваа на рацете завои и на секој стол имаше по една мала тенка тетратка.
Не дозволувајте да ви прераскажуваат веќе втората изведба на претставата ќе се одигра на 28 септември со почеток од 21:00 часот, по цена од 200 денари. Резервирањето се врши на официјалниот веб сајт на Theatra .
Александра Овчарска