Денес е Прочка – Простувајте за да ви биде простено

Христијанските верници денеска ја празнуваат Прочка или Велики Поклади, ден на кој треба со своите најблиски да си ги простите гревовите.

Датумот кога се чествува Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и е секогаш  точно 7 недели пред Велигден. Од религиски аспект земено, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

За овој наш христијански празник Прочка, пожелно е семејството да го помине во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара со зборовите „простено да ти е од мене и од Бога“.

Власите исто така го празнуваат овој православен христијански празник, но нивните обичаи се разликуваат од оние на Македонците. Власите ги даруваат младите членови со пари, а за возврат добиваат портокали од помладите членови на семејството.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.

You May Also Like