Баскерфест 2012 – театар под отворено небо во Скопје

Годинава, по седми пат Градот Скопје е покровител на манифестацијата „Баскерфест 2012“. Интернационален, мултикултурен, уличен настан со кој се збогатува културната и забавната содржина на Скопје. Манифестација која прерасна во долгогодишна традиција и е интересена не само за граѓаните од Скопје и Македонија, туку и за граѓаните од соседните земји.

Манифестацијата е ќе започне следниот петок (01 јуни), а ќе трае до 10-ти јуни. За овогодинешниот уличен фестивал, организаторот „One Way“ најавува спектакуларни акробатски и музички точки кои ќе овозможат незаборавна забава под отворено небо. Во петок, во 19:00 часот, пред Веро-центарот, легендарниот Крис Бул, Wire walk (одење по жица), ќе се погрижи фестивалот да добие спектакуларно отворање, какво што и му доликува.

Од платото на Веро-центарот, „уличниот циркус“ ќе се упати кон плоштадот Македонија, каде Градоначалникот на град Скопје, г–динот Коце Трајановски официјално ќе го прогласи почетокот на фестивалот.

Посетителите на „Баскерфест 2012“ ќе можат да уживаат во фантастични точки на повеќе од 30–тина магионичари, акробати, танчери, жонглери, музичари, уметници од Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Боливија и други.

Целта на оваа манифестација е да се направи еден сплет на културни, забавни и уметнички содржини и подигање на свеста и значењето на уличната уметност, воведување нова туристичка понуда и промоција на градот Скопје по теркот на сите светски метрополи.

 

You May Also Like