Балетските солисти Мими Поп Алексова и Бобан Ковачевски ќе гостуваат во Магдебург

На 29.04.2012 (недела), македонските балетски солисти Мими Поп Алексова и Бобан Ковачевски ќе настапат на Гала балетска вечер во рамки на балетскиот фестивал „Grenzgänge“ во Магдебург, Германија. Ќе настапат со Adagio од I чин од балетот „Есмералда“ и балетски извадок од претставата „Изгубена верба“ во кореографија на Саша Евтимова.

Ова е 5-ти по ред Интернационален балетски фестивал „Grenzgänge” кој се одржува во Магдебург, Германија. Фестивалот започнува на 27 април и завршува на 29 април со Гала балетска вечер. Фестивалот содржи многу балетски претстави, работилници и натпревар на кореографии за регионални групи. На гала вечерта покрај нашите балетски уметници ќе настапат и гости од Англија, Португалија и Шпанија. Настапува и балетот на театарот во Магдебург.

You May Also Like