Нови преводи на романите на писателот Гоце Смилевски

Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски деновиве е објавен во Албанија, во издание на „Ботимет Морава“ од Тирана, преведен на албански јазик од Агим Доксани.

goce smilevski

„Сестрата на Зигмунд Фројд“ е објавен и во Данска, во издание на „Росинанте“ од Копенхаген, во превод на Камила Кристенсен. Овој роман на Гоце Смилевски неодамна имаше и втори изданија во Турција и Бразил.

Првиот роман на Смилевски, пак, (Разговор со Спиноза), деновиве е објавен во Холандија, во издание на „Антос“ од Амстердам, во превод на Рул Шујт.

За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија, а минатата година Наградата за медитеранска култура. Делото е преведено на преку триесет јазици во светот. Романот „Разговор со Спиноза“ се преведува на дваесетина јазици.

You May Also Like