Балетот „Дон Кихот“ дел од Мајските оперски вечери

Денеска (13 мај, понедленик) со почеток во 20:00 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведен балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус.

Диригент на претставата ќе биде Алексеј Баклан од Украина, кореограф Викто јаременко од Украина, сценографија Андреј Злобин од Украина, костими на Гана Ипатиева од Украина и концерт мајстор Верица Ламбевска.

Во улогата на Китри ќе настапи солистката Аријане Лафита од Куба, како Базил ќе го видиме гостинот од Италија солистот Виторио Галоро, улична танчарка првенката Марија Кичевска и во улогата на Тореадор првенецот Бобан Ковачевски.

„Дон Кихот“  е дел од програмата на 41 Мајски оперски вечери.

You May Also Like