Започнува Мобил фест

Третото издание на интернационалниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал кое ќе се одржи на денеска и утре (5 и 6) и 10  ноември во Скопје и Битола.

Фестивалот  е подржан од мобилниот оператор ОНЕ, градот Скопје, Филмскиот фонд на Република Македонија, Словачката амбасада и општина Центар.

На првата фестивалската вечер која ќе се одржи во Кино Фросина со почеток во 20 часот ќе бидат прикажани филмови во три селекции: главна, во која филмовите ќе борат за главната награда Сони Експириа СОЛА; интернационална, составена од најдобрите филмови од слични светски фестивали и регионална –во чии рамки ќе бидат претставени филмови од регионот.

Главната селекција годинава добива интернационален карактер, и освен филмови од Македонија ќе бидат прикажани и филмови Италија, Египет, Хрватска кои својата  светска премиера ќе ја имаат во Скопје.

Од оваа година фестивалската програма е збогатена со повеќе новитети.

Во соработка со Општина центар ќе се одржи и Џуниор Мобил Фестивал каде што учениците од основните училишта ќе се натпреваруваат во посебна џуниор селекција.
Проекцијата на филмовите од Џуниор мобил фестивал ќе се одржи пред глвната фестивалска вечер, на 5-ти номеври во 14 часот во Кино Фросина.

На 6-ти ноември со почеток во 12 часот во MKC  ќе се одржат филмски работилници Мobile Workshop. На работилниците, учесниците ќе се мотивираат  да развијат своја лична и индивудална перспектива за употребата на новите технологии како креативни алатки за филмско изразување. Работилницата е од отворен тип и е отворена за сите заинтересирани.

Филмовите од главната фестивалската вечер на 10 ноември ќе имаат своја проекција и во Центарот за култура во Битола.

You May Also Like