Видео запис за нумерата „Јас сум тој“ на Дарко Илиевски и Никола Пауновиќ

Еден од дуетите кој што беше изведен на овогодишното издание на Макфест, песната „Јас сум тој“ на Дарко Илиевски и Никола Пауновиќ доби свое видео издание кое се сними пред две недели.

Како што вели рефренот од песната: „Да, јас сум тој, што ќе ти остане доживотно лојален и тука ќе останам, јас сум тој што заслужува план,… “ така и познатите македонски актери Љупчо Андонов (го глуми Дарко Илиевски) и Кирил Андоновски ( Никола Пауновиќ) во видео изданието на песната остануват до крај да се борат за Славица Ковачевиќ – Јовановска (Ива Трајковска).

Видео записот ја следи приказната од самата песна – Дарко и Никола се борат за истата девојка уште од детството, па затоа дел од спотот се снимаше во градинката Срничка во Аеродром. Потоа неколку дечиња на возраст од 10-13 години ги глумат изведувачите пеејќи ја песната со бенд кој го оформиле и со кој заедно стареат, не напуштајќи ја музиката ниту девојката. Во спотот се појавува и вистинскиот бенд на Дарко кој наскоро ќе го придружува на настапите низ Македонија.

Промоцијата на спотот кој што се снимаше на три локации, меѓу кои се и Детската уличка во Ново Лисиче и дискотеката Хард Рок, се случи во саботата во кафулето Лого во Штип, а песната премиерно беше изведена на првата полуфинална вечер на Макфест во четвртокот, 13-ти октомври.

„Јас сум тој“ e авторско дело на Лазар Цветкоски, а текстот го напиша Марко Маринковиќ – Слаткаристика. Спотот го работеше Горила продукција со режисерот Џулијани.

Песната „Јас сум тој“ ќе добие и српска верзија.

You May Also Like