Балетанот Марко Мицов на сцена со највлијателните од својата фела

Нашиот балетан Марко Мицов на 16 август настапуваше на најзначајниот фестивал во Америка – Jacob’s Pillow e-Festival. Тој беше еден од танчерите во претставата “Conjoined twins” во кореографија на Габриела Ламб, а по музика на Бил Фисел.

 

Jacob’s Pillow Festival е настан со долга традиција и високи критериуми за учество во неговата програма. На годинашното издание учествуваа повеќе национални компании како Балетот на Хон Конг и Кралскиот Вингпинг балет.

Меѓу нив се најде и мултинационалната трупа што некогашната солистка на Балетот на Монтреал, Габриела Ламб, ја состави за својата претстава „Conjoined twins“. Нашиот балетан во претставата игра дует со Исидро Сегериа од Никарагва кој е солист во националната компанија на Ел Салвадор. На истата сцена, во рамките на фестивалот, во иста вечер своја претстава имаше и  Националната компанија од Бразил.

You May Also Like