Графичко триенале Битола

Денеска (недела, 19 август, 2012 година) во НУ Заводот и Музеј Битола со почеток во 20:00 ќе биде отворено 7-то Интернационално графичкото триенале, меѓународна ликовна манифестација со учество на околу 70 држави од целиот свет.

Темата годинава е  „Океани и соsвездија“ и “Живот во огледало“.
За прв пат, во своето речиси дваесет годишно постоење, на ова триенале, се реализирани и три национални павиљони-подготвувани од земјите учесници:Павиљон на Чиле,Павиљон на Швајцарија и Павиљон на Полска-со неверојатен број на полски учесници 160. Ова е неверојатен успех за битолското триенале-со оглед на тоа што во последните години полската графика е најзначајна во светски рамки и со оглед на тоа што на најголемото и најзначајното графичко триенале во светот-Краковското-бројот на полските учесници е далеку помал.

Меѓународното жири во состав: Венцеслав Антонов, директор на графичкото Биенале во Варна, Бугарија, Паоло Чампини-истакнат графичар и професор на  ликовната академија во Фиренца-Италија, како и Лилјана Христова, директор на Н.У.Завод и музеј од Битола, ги доделија следниве награди:

Grand Prix-Агата Гертчен,Полска

Три равноправни награди:
Кристине Кристос од Канада,
Димо Колибаров од Р.Бугарија и
Татјана Манева од Р.Македонија.

Самата манифестација се одвива на три нивоа:
Публикација на каталог-350 страници, кој ќе биде дистрибуиран во над 80 држави од целиот свет, на институции, галерии и институти за современа ликовна уметност, уметници.
Каталогот е публикуван од Општина Битола и поддршката на градоначалникот  Владимир Талески. Всушност, ова е еден од најзначајните сегменти за манифестацијата, со оглед дека печатениот материјал ќе биде презентиран, најафирмативно, низ сите ликовни центри во светот а тоа значи најафирмативно презентирање на нашиот град во светски рамки.
Второто ниво е реализација на изложба-која ќе биде поставена во изложбените простори на Н.У.Завод и музеј Битола.
И третото ниво е напоредна реализација на меѓународниот проект-Современата графика од Балканот.Изложбата и каталогот ќе бидат поставени и презентирани во Швајцарија во септември 2012, а носител на проектот е Меѓународното Графичко триенале од Битола.

You May Also Like