„Ново лисиче го кани светот“ во паркот кај авионот

В сабота (22 септември, 2012 година) во општина Аеродром, во новиот парк кај авионот ќе се одржи музички хепенинг „Ново Лисиче го кани светот“ со три различни сцени. Целодневната забавна програма ќе трае од 12:00 часот на пладне до 03:00 часот по полноќ. Идејата за журката потекнува од младите од Ново Лисиче.

„Ново Лисиче го кани светот“ ќе започне со спортски натпревари,потоа следува детска програма со многу игри, награди, забава со пантомима и жонглирање, дружење со кучето Петко (5+), Зумба танц…

Вечерта ќе се одржат концерти со поп, рок и хип-хоп музика, а ноќните часови се резервирани за електронска музика.

Овој дел ќе зпаочне со интерактивно караоке шоу со Ненад и домашни естрадни ѕвезди, а на главната сцена ќе настапат: Ди-Џеј Славе, Фиц (Студени нозе), Сиги, Аце НЛ и Џоле (Токсикологија), Ајс Нигрутин и Тимбе (Бед Копи) и многу други. Забавата ќе продолжи со ГЕН на третата, афтер сцена.

You May Also Like