Од утре (четврток, 4 септември) на репртоарот на кино Милениум пристигнува нова анимирана продукција – норвешкиот филм „Храбрата кола Плоди“.
Станува збор за Норвешкиот анимиран филм „Храбрата Кола Плоди“, кој во суштина се заснова на приказната за омилениот јунак(Полициската Кола Плоди) кој во Норвешка е неизбежен дел од детската култура речиси триесет години.
Од овој четврток(04.09), на задоволство на најмладите, на големиот екран, синхронизиран на македонски
Филм за авантурите на храбрата полициска кола Плоди, која ги решава сите нерешливи полициски случаи.
Плоди е полициска кола, задолжена за зачувување на редот и поредокот во својот град. Сега ќе добие задача што ќе биде најважна во неговиот живот – да ја заштити новата атракција во природниот парк – мајката орел од редок вид, како и нејзиното јајце. Нештата се усложнуваат кога две шармантни жени ќе ја украдат орлицата…