Хорот „Гoртинија“ настапи во Солун

Градскиот хор „Гoртинија“од Гевгелија ја претставуваше Македонија на меѓународниот хорски фестивал во Солун.

Хорот се претстави со композицијата „Македонско оро“од Тодор Скаловски, со која има остварено симпатии на повеќе меѓународни фестивали. На репертоарот на гевгелискиот хор беше и една грчка народна песна, како и повеќе композиции од познати мјузикли.

Инструментална придружба на хорот беа гитаристите Антонио Какров и Горан Стојанов, како и тапанарот Момчило Делев и светски познатиот гитарист Глигор Гелебешев.

You May Also Like