Почнаа Есенските музички свечености

Синоќа (2 ноември, петок) во Музејот на град Скопје, со Камерниот концерт „Од творештвото на композиторската класа на проф. Зографски” започнаа 17 – тите по ред Есенски музички свечености.

На концертот настапија солистите: Симон Трпчески на пијано, Ана Гацева-пијано, Влатко Георгиев на вибрафон, Паскал Краповски-виолончело, Ади Имери на електрична гитара, солистички настап ќе има и Ангелка Гајтановска – сопран, а концертот беше реализиран во соработка со фондацијата „Томислав Зографски”.

Во рамките на годинашнава програма на Есенски музички свечености, публиката ќе има можност да ужива во 11 музичко-културни настани што ќе се реализираат во текот на месец ноември, а на 30-ти ноември и официјално ќе заврши 17-то издание на оваа музичка Манифестација.

Организатор е Дирекција за култура и уметност – Скопје, а Есенските музички свечености традиционално, секоја година, се реализираат под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура на Република Македонија.

You May Also Like