Денеска (четврток, 27 септември, 2012 година) со почеток од 20:00 часот во клубот „Менада“ во Старата чаршија, издавачката куќа „Антолог“ ќе го прoмовира романот „Центурија“ од познатиот италијански писател Џорџо Манганели.
„Центурија“ (Centuria, 1979 ) е изненадувачка книга, сочинета од сто „романи“ од по една страница, која ја има добиено и високатата награда „Вијареџо“.
Итало Калвино го нарекува Манганели „најиталијанскиот италијански писател“, и заедно со Едоардо Сангвинети и Умберто Еко го сместува во најистакнатите ликови на авангардата.
Преводот на книгата е на Јулија Петровска.
Програма:
20:00 часот – Проекција на документарниот филм снимен во чест на МАНГАНЕЛИ„Discourse on the difficulty of communicating with the dead“ на Никола Трипет.
21:00 часот – Претставување на делото со литературно читање од страна на Иван Шопов и Марија Аргировска.
21:30 часот – Коктел.
22:00 часот – Концерт на Јордан Костов Квартет
23:00 часот – “Kick off your shoes” – Ди-џејски избор на Теодора Поповска.