Најава за возбудлива „Бела ноќ“

Денеска (сабота, 6 октомври, 2012) е Белата Ноќ. По осми пат, до зори: десетици изложби, филмски маратони под отворено небо и во кината Милениум и Фросина, концерти, музички фестивали, поезија, ликовни и музички перформанси, видео арт, полноќна модна ревија… на ул. Македонија, на Плоштадот Македонија, на Градската плажа, во градскиот парк, во ГТЦ, во Старата скопска чаршија, и во градските установи кои ширум ги отвораат портите.

Големиот мултимедијален спектакл ќе се одвива на Плоштадот Македонија “Таму каде сум”, за прв пат во историјата на Бела Ноќ, во македонска режија и продукција, создаден и реализиран од 150-тина македонски уметници, кореографи, сценаристи, музичари, танчери, пантомимичари…

Благодарение на ЈСП, по 19:00, превозот во сите автобуси кои гравитираат кон центарот на Скопје, знаете, ќе е бесплатен! Автобусите кои се на линиите 8 и 15а, кон Зоолошката градина, се исто така бесплатни, од 11:00 со оглед на фактот што и влезот во Зоолошката градина е очекувано, сиот ден ќе е БЕСПЛАТЕН!

You May Also Like