Oтворена изложба на Љубица Буба Томова во Гевгелија

Во уметничката галерија во Гевгелија отворена изложба на слики од Љубица Буба Томова, со наслов „Детелина“ …

amam_gevgelija (copy)

Во уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија денеска беше отворена изложба „Детелина“ на слики од Љубица Буба Томова. Како што рече директорот на Домот на културата Миле Ничевски, Томова секогаш знае да изненади со леснотијата со која приоѓа кон различни медиуми.

– Иако не е ниту сликар, ниту книжевник, тоа не ја спречува во реализацијата на нејзините идеи, во нејзиното лично, духовно патување. Напротив, за Томова тоа е мотив повеќе, рече Ничевски.

Изложбата ќе биде отворена во наредните десетина дена.

You May Also Like