Од денеска (четврток, 14 март, 20130 на репертоарот на Киното Милениум се два нови наслови – „На пат(On the Road)“ и „Луѓе од доверба (Stand up Guys)“
Луѓе од доверба (Stand Up Guys)
Режија: Fisher Stevens
Улоги: Al Pacino, Christopher Walken
Траење на филмот: ’95
Жанр: Комедија, Акција
Двајца подостарени криминалци се обидуваат да ја соберат старата банда за еден „последен танц“. Работите стануваат покомплицирани кога еден од бандата треба да ја изврши неговата последна задача – да го убие неговиот пријател…
На пат (On the Road)
Режија: Walter Salles
Улоги: Garrett Hedlund, Sam Riley, Kristen Stewart, Amy Adams, Steve Buscemi, Kirsten Dunst, Viggo Mortensen
Траење на филмот: ‘124
Жанр: Авантура, Драма
„Единствени вистински луѓе за мене се лудаците, оние кои се доволно луди да живеат, луди да зборуваат, луди да бидат спасени, желни да имаат сѐ во исто време, оние кои никогаш не зеваат од здодевност, ниту пак кажуваат обични нешта, туку горат, горат, горат како спектакуларна огнометна ракета што експлодира налик на пајак преку ѕвездите“ – Џек Керуак
Непосредно по смртта на татка си, Сал Перадајс, надежен њујоршки писател, го запознава Дин Мориарти, неверојатно шармантен поранешен осуденик, кој е оженет со слободоумната и заводлива Мерилу. Сал и Дин за кусо време стануваат блиски. Решени да не западнат во монотијата на секојдневниот живот, двајцата пријатели оставаат сѐ зад себе и тргнуваат на пат со Мерилу. Желни за слобода, тројцата млади тргнуваат во потрага по светот, по поинакви средби и во потрага по себеси.