Познатата музичарка со индиско потекло, Анушка Шанкар, со нејзиниот проект „Травелер“, вечер во 20:30 во Универзалната сала ќе го отвори 12 издание на ОФ-фест.
В недела во Македонската опера и балет во 20 часот ќе настапат македонските музичари Горан Трајкоски и Елена Христова, а потоа и составот од Истанбул – „Таксим трио“.
До 6 јуни во Скопје ќе гостуваат виртуози од Финска, Колумбија, Мароко, Јужна Кореја и од Словенија, а ќе има и проекција на документарец и диџеј-сет.