Новиот филм на Лабина и Теона Митевски на копродукциски маркет во Сараево

Новиот филм „Апартман“ на Теона Митевска ќе учествува на копродукцискиот маркет „Синелинк“ на Сараевскиот филмски фестивал од 16 до 24 август.

Филмот, чиј продуцент е Лабина Митевска, е меѓу 16. одбрани проекти врз база на авторскиот потенцијал, силината на приказната и користа што би можеле да ја имаат од учеството на маркетот.

На конкурсот биле пријавени вкупно 90 проекти од 18 земји од Југоисточна Европа. Во јуни авторите и продуцентите на одбраните проекти ќе посетуваат подготвителна работилница за подобрување на сценаријата, за финансиските, правни и маркетиншки аспекти на проектот. Целта е да се обликува проектот за презентација. Сите проекти ќе бидат претставени на копродукцискиот маркет при одржувањето на фестивалот.

Со 60 отсто успешно реализирани проекти во изминатите 10 години, „Синелинк“ прерасна во една од најуспешните платформи за развој и за финансирање проекти во Европа.

извор: dnevnik.com.mk

You May Also Like