Одбележување на Денот на згрижувачките семејства

Денеска (1 Јуни, сабота) со почеток во 11:00 часот, на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза, ќе се oдржи настан по повод 1 јуни – Денот на згрижувачките семејства.

Во рамки на своите програмски активности, посветувајќи посебно внимание на деца и младинци со посебни потреби и деца без родителска грижа, Црвениот крст на Град Скопје, традиционално го одбележува Денот на згрижувачки семејства 1 Јуни, во партнерство со Општина Центар, Министерство за труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Скопје.

На музичко-сценската програма ќе учествуваат деца од Супер Ѕвезда,  како и учениците од ОУ.“Димитар Миладинов и детската градинка “Раде Јовчевски Корчагин“ од Општина  Центар.

Општина Центар како постојан поддржувач на настани од хуман карактер, како партнер на настанот, излезе во пресрет донирајќи освежителни пијалоци, кроасани и маици за децата учесници на настанот.

You May Also Like