Ана Дурловски добитник на престижната награда „Фауст“

Сопранот Ана Дурловски ја доби наградата „Фауст“ позната и како оперски „Оскар“ за изведувачи од германско говорно подрачје која ја доделува Германската театарска асоцијација. По тој повод денеска (среда 14 ноември) во 11:00 часот во Министерството за култура, Дурловски ќе се сретне со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Дурловски е наградена за улогата на Амина во операта „Месечарка“ на Винченцо Белини на сцената на Операта во Штутгарт. За ова уметничко остварување таа неодамна беше прогласена за млад оперски пејач за сезоната 2011/12 од страна на списанието „Опернвелт“.

You May Also Like