Премиера на филмот „Матасари“ на Синедејс

Филмот „Матасари“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе ја доживее скопската премиера во рамки на „Синедејс“ фестивалот што 15 до 25 ноември ќе се одржува во киносалите „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија во Скопје.

Најновото дело на Пиперкоски на 29. март беше премиерно прикажано во Букурешт во рамки на „Некст филм фестивал“, инаку еден од најпознатите филмски фестивали во Југоисточна Европа.

Станува збор за краткометражен психолошки филм во кој главните улоги ги толкуваат Андреј Рошу, Анка Флореску, Крина Семчук, Алек Секареану и многу други.

Матасари“ ја доживеа македонската премиера во рамките на програмата „Македонска Панорама“ на годинешниот 33-ти Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ што од 15 до 21 септември се одржа во Битола.

Скопската публика ќе има можност да го погледне ова дело на Пиперковски в сабота на 17 новември од 15:00 часот во киното „Милениум“.

You May Also Like