Џајковски на Таксират

На главната вечер на ТАКСИРАТ 14 ќе настапи и еден од најзначајните артисти на балканската електронска сцена  – Кирил Џајковски.

 

Годинава, Таксират официјално стартува со првата меѓународна музичка конференција „ПИН“ која ќе се одржи од 23-ти до 25-ти ноември, во „Дом на АРМ“, клуб „Хавана“, клуб „Колосеум“ и на наше особено задоволство кината „Вардар 1 и 2“ кои првпат ќе бидат отворени после цели 15 години. Веќе на 27ми ноември, скопјани ги очекува првиот промо концерт од off-програмата на Таксират, а тоа е арт-перформансот на францускиот музички феномен „Нувел Ваг“ (Nouvelle Vague) кој ќе се одржи во клуб „Колосеум“. Веројатно веќе сите добро знаат дека во рамките на Таксират годинава нашата најактивна банда инструментале Суперхикс ќе го прослави своето полнолетство, имено 18-те години постоење, со Големиот позитивен концерт во „Метрополис Арена“ на 1-ви декември.

Финалето на Таксират 14 е закажано на 8ми декември на традиционалната локација „Метрополис Арена“ во Скопје.

 

You May Also Like