Изложба „Бакнеж в уста“ во Кавадарци

Утре (четврток, 20 декември, 2012) во Домот за културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, во 20:00 часот ќе се отвори изложбата „Бакнеж во уста“.

Со изложбата „Бакнеж во уста“ ќе се претстави групата МОМИ која е составена од 7 млади уметници, Ана Ивановска, Христина Зафировска, Марија Сотировска, Кристина Хаџиева, Маја Кировска, Татјана Ристовска, Зорица Зафировска.

Ова е нивни трет заеднички проект со кој ќе ни се претстават оваа година. Овој пат ве покануваат да одвоите момент и да си дозволите да бидете бакнати од нив, преку нивните дела.

You May Also Like