Алаѓозовски на книжевен панел во Будимпешта

Роберт Алаѓозовски беше еден од учесниците на книжевната панел дискусија „Ние и Европа“ што синоќа се оджа во Будимпешта во организација на Гете институтот.

Целта на дискусијата беше да проблематизира зошто во денешна Европа, пред се во ЕУ, нема развиено заедничка свест за европската припадност, зошто нема заеднички вредности и културни маркери кои би требало да го чинат европскиот идентитет како фолклор, традиции, заеднички мемории и сл.

На конференцијата учествуваа автори од Унгарија и Германија, а посебен панел беше предвиден за автори кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската унија, Саша Илиќ од Србија, Илма Ракуса од Швајцарија и Роберт Алаѓозовски од Македонија.

Целта е тие да го дадат своето гледање на односот на ЕУ и земјите кои не се членки во ЕУ и како тие го градат идентитетот на Европа и каков однос воспоставуваат со големите приказни кои што доаѓаат од Европската унија.

На панел конференцијата и претходеше создавањето на блогот „Ние и Европа“ од страна на Гете Иснтитутот во Будимпешта, каде што на германски и на унгарски беа објавени есеи од многу автори, меѓу кои и од учесниците. Овие есеи предизвикаа многу дискусии и коментари меѓу книжевните и интелектуалните кругови во Цеентрална Европа.

You May Also Like