Акција „Македонија без отпад“

Акцијата „Македонија без отпад 2012“ се организира на иницијатива на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ и Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Акцијата „Македонија без отпад 2012“ ќе се одржи низ целата држава, а ја поддржаа и скопските општини Центар, Карпош, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Аеродром и Ѓорче Петров.

Целта на оваа масовна акција е да се исчисти отпадот фрлен на несоодветните места во околината и да се подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со него.

You May Also Like